Специјален автомобил од мајсторот Јамамото
Објавено на 17 мај 2018 година
Нобухиро Јамамото работи за Mazda 40 години, од кои повеќе од 20 посвети на моделот MX-5. Заради тоа се смета за најповикан да каже со кои чувства владее овој родстер. А тој го изрази тоа со креирање специјална серија потпишана со неговото име. Јапонскиот мајстор не смени многу – познавајќи го во душата, за него и стандардниот MX-5 е доволно предизвикувачки. Сепак сметаше дека треба да му се додаде помалку острина и рафинираност. Затоа ги замени амортизерите со специјални Ohlins наменети за тркачка и патна употреба. Според него тие ја гарантираат прецизноста на ослонувањето, што е од суштинско значење за достигнување на лимитите на моделот. Посебно на оваа верзија опремена со 1,5 литарски мотор со 131 коњска сила. Како дополнување, тој ги замени и сопирачките клешти – напред со Brembo, а назад Nissin. Чепна малку и на аеродинамиката, а стави и нови тркала. Внатрешноста ја облагороди со алкантара во две бои, рачно обработена од италијанските мајстори на својот занает. Наменувајќи ги за вистинските сладокусци, Јамамото-сан ќе направи само четири вакви примероци од Mazda MX-5 по цена од 37.500 евра.
видео