Глобалната визија на Toyota да обезбеди решенија за мобилност за секого и да не остави никого зад себе, важи и за палетата на комерцијални/бизнис возила.
Ваквата филозофија најдобро се потврдува со соработката со Шпаркасе Лизинг која резултира со понуда прикладна за сите корисници на комерцијалните возила на Toyota во Македонија.
Приказната на Toyota во производство на комерцијални возила датира од 60-тите години на минатиот век, кога го лансираше легендарниот Toyota Hilux и Toyota Hiace во Европа. Оттогаш, овие возила се здобија со светска репутација за квалитет, издржливост и сигурност. Во 2016 година, Toyota започнува да ја креира приказната за Toyota Proace. Производната линија на комерцијални возила се зајакна со Proace City кон крајот на 2019 година и дополнително со претставувањето Proace и Proace City Electric во 2021 година.
Минатата година Toyota постигна рекордна продажба од 140.000 единици во Европа што претставува врвен за компанијата пазарен удел од 5,7%. Таквиот тренд прдолжува и во Македонија. Во соработка со Шпаркасе Лизинг за домашните компании стопанските возила на Toyota стануваат уште по достапни.
Обезбеден е финансиски лизинг со 10% учество од нето цената на возилата, а плаќањето на ДДВ-то е одложено до 90 дена или може да се плати на 12 рати. Рокот на отплата е до 84 месеци со камата од 5,5% годишно. Стратегијата за комерцијлани возила на Toyota е заснована да излезе во пресрет на секој корисник. Таа опфаќа гаранција Toyota Relax до 10-тата година или 185.000 km, а при редовно сервисирање на возилото во овластен Toyota сервисен центар клиентите добиваат 1 година дополнителна гаранција.
Долоку се соочите со било каков проблем со вашето возило добивате бесплатната помош на пат во рамките на 3 години, 24 часа на ден, 365 дена во годината, за да обезбеди помош за повторно движење на Вашиот бизнис или да се однесе возилото до најблискиот овластен Toyota сервисен центар на поправка.
На овие погодности се приклучи Шпаркасе Лизинг со неколку вида на модулирање на финансирањето по потреба на клиентите. Покрај споменатите погодности, понудено е минимално учество од 10% на отплата на 84 рати и камата од 4,5%. Вклучен е и опреативен лизинг, во зависност од бонитетот на компанијата и бројот на возилата. Ова услига опфаќа финансирање до 60 месеци со плаќање на ДДВ и остаточна вредност до 50% која зависи од рокот на финансирање. Ваше е само дали ќе одлучите да го проширите вашиот бизнис.