Smart ги електрифицираше ForTwo и ForFour

Smart ги електрифицираше ForTwo и ForFour

Електричните изведби на двата модела на Smart имаат интересна цена
Објавено на 14 октомври 2016 година

Smart ED За почетокот на есенва, Smart ги електрифицираше ForTwo во затворена и кабриолет изведба и поголемиот ForFour. Сите три модела го делат истиот електропогон со 83 коњски сили и едностепената трансмисија со потекло до Renault. Интересно кај неа е што возењето наназад се остварува со промена на насоката на ротација на електромоторот. Во зависност од моделот новите батерии овозможуваат меѓу 155 и 160 километри автономија. Германските инженери велат дека времето за нивно полнење е скратено на половина во однос на поранешната генерација, а со специјален полнач и на само 45 минути. За поголема ефикасност максималната брзина е ограничена на автопатски 130 km/h. Затоа пак забрзувањето не е и тоа се движи од 11,5 до 12,5 секунди.

Прв на пазарот уште пред крајот на годинава ќе се појави Smart ForTwo и тоа во САД, додека ForFour е резервиран само за Европа. Интересна е и нивната цена која за најмалиот модел во Германија ќе изнесува околу 18.000 евра, со пресметани даночни бенефиции. Без нив таа е за 4 илјади евра поголема, додека пак ForFour Electro е за само 650 евра поскап.

Smart ED

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER