Smart #1 – Компактен, моќен и електричен

Бројчаникот повторно на почеток

Со претставувањето на урбаниот кросовер како прв производ од темелно редефинираната марка, Smart ја потврди својата посветеност на електричниот погон

Името на компанијата Smart уште од самите почетоци се поврзуваше со вистинското значење на зборот. Се наметна со микро димензиите и интригантен дизајн, особини што лесно се воочуваат во урбани средини. Преселбата на комплетното производство во Кина многумина го сметаа како уништување на марката, но згрешија. Вчера во Берлин беше преставен првиот модел кој би требало во Европа да се појави кон крајот на тековнава година. Наречен едноставно „број 1“ урбаниот кросовер е поставен на меѓуоскино растојание од 2750 мм и бележи вкупни 4.270 мм должина. Надворешноста е напредна и прогресивна со елементи како што се скриени електрични рачки на вратите кои се без рамка, работи што корисниците не би ги очекувале кај автомобил од оваа категорија. Smart ги гледа напредните технологии во автомобилот како овозможувачи за автентично и безгрижно искуство со електричната мобилност. Како што доликува на имиџот, опремен е со сите конективни и асистентски технологии и можности за перманентно ажурирање на софтверот преку интернет конекција. Тонг Шангбеи, извршен директор на Smart Automobile (заедничко вложување помеѓу Mercedes-Benz AG и Geely Automobile Group), вели: „Светската премиера на Smart број 1 во Берлин означува уште една пресвртница на неверојатниот пат на развој што го започнавме со обновувањето на брендот. Како прв од новата генерација од семејството на електрични производи, целосно новиот Smart број 1 е совршено олицетворение на ова обновување.“ Една од демонстрациите на оваа определба ја покажуваат врвните перформанси. Најавена е моќност од 200 kW и ќе може да се полни со наизменична струја од 10-80% со 22 kWh полнач за 3 часа. На брз полнач оваа вредност може да се постигне за помалку од 30 минути. Возилото е во процедура за хомологација во ЕУ и се очекува да биде завршена во втората половина на 2022 година. Ѕmart ќе ги објави официјалните вредности штом ќе заврши процесот на хомологација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER