Smart – Поголем електричен модел на повидок

Доаѓа вториот кросовер

Новиот модел на Smart ќе биде промовиран идниот месец во Шангај

Марката Smart, која е заедничко вложување на Mercedes Benz и Geely, идниот месец ќе го претстави својот нов модел со ознака #3. Тој ќе биде компактен купе кросовер со должина од 4,4 метри и ќе има 2.785 мм меѓуоскино растојание. Штурите податоци откриваат дека ќе се натпреварува во силна лига каде веќе добро се етаблирани VW ID4, Audi Q4 e-Tron, Mercedes EQA, Volvo XC40 Recharge, а на пазарот се очекува и Ford Explorer EV.

Како што изјави првиот човек на европскиот огранок на Smart, Дирк Аделман, за  угледниот Automotive News Europe, новиот купе кросовер ќе биде поголем, попростран и поспортски од #1. Воедно, #3 е поставен на 35мм подолго меѓуоскино растојание и каросеријата му е за 130 мм подолга што ќе овозможи повеќе простор во сите смерови. Се очекува да има две изведби со слична моќност како помалиот #1. За потсетување,засега единствениот модел има батерија од 66 киловат-часови со мотор од 200 kW поставен на задната оска и спортската Brabus варијанта со дополнителен мотор на предната оска од 115 kW и погон на сите тркала. Дострелот е од 400 до 440 километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER