Škoda Scala » Едно скалило погоре

Едно скалило погоре

Најновиот чешки адут официјално беше промовиран во Македонија

Објавено на 5 јули 2019 година

Кога Škoda при крајот на ланската година премиерно го претстави наследникот на Rapid, овој хечбек веднаш беше наречен чешки Golf. Го доби името Scala со кое симболично се навестува искачувањето на марката едно скалило погоре. Не само по присуството во сегментот на кој до скоро не смееше да му се приближи, туку и според дизајнот и технологиите што ги нуди. Тогаш многу слушнавме за Scala и нејзините карактеристики – дизајнот, моторизацијата и практичноста што ќе ги има. Фалеше само цената, за која сега после презентацијата и официјалниот почеток на продажбата во Македонија знаеме дека ќе стартува од провокативни 14.560 евра. Со неа сликата за овој автомобил е комплетна и според реномето на Škoda слободно можеме да кажеме дека Чесите ќе имаат уште еден пазарен хит меѓу нашите купувачи. Покрај основната изведба со 95-коњски TSi мотор и петстепен менувач, ним на располагање ќе им бидат уште и бензинец и дизел со по 115 коњски сили. Двата мотора можат да се комбинираат со шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач, како и со два богато пополнети пакети на опрема. Со тоа уште еднаш се потврдува добро познатата истрајност на Škoda да нуди одлично избалансиран однос меѓу платеното и добиеното, овој пат спакувано за најатрактивната европска класа автомобили.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER