Покрај Ford и Volvo ќе произведува возила за Geely
Кинескиот автогигант потврди – возилата на Geely ќе се произведуваат во фабриките на Volvo во Европа. Ова не е никакво изненадување бидејќи Geely е доминантен сопственик на шведската компанија. Всушност изненадување е што толку долго се чекаше на ваква одлука кога се знае дека таа е клучен дел од стратегијата на Geely за настап на Стариот Континент, посебно со електричните модели кои сега се оптоварени со дополнителни царини. Кои модели ќе се произведуваат не е прецизирано – кажано е само дека ќе бидат луксузни и премиум, веројатно од марките Zeekr и Lynk&Co. Производството е планирано да започне во 2028-ма година. Во планот се вклучени три фабрики – во Гент, Белгија, Торсланда во Шведска и Кошице во Словачка која е специјализирана за електрични возила и ќе стартува со работа идната година.
Планот на Geely е агресивен – во наредните две до три години да се достигне бројка од 600.000 автомобили годишно продадени во Европа односно 5 отсто од пазарот.


