Првиот човек на германскиот производител со драматични изјави
Со цел да се спаси од најлошото, во Volkswagen се организираат серија состаноци со вработените пред кои Оливер Блуме објаснувајќи ги причините зошто каишот мора дополнително да се стега изјави дека ситуацијата е повеќе од критична. Загриженоста за дополнително губење на работните места прераснува во вулкан пред ерупција за чие гасење ќе бидат потребни многу напори. Генералниот директор на Volkswagen објасни дека иако оперативната добивка од 3,8% е солидна со оглед на деловното опкружување, таа ни оддалеку не е доволна да генерира адекватни средства за нови технологии, нови модели и генерално да ги одржува производствените локации на оправдливо ниво. Затоа и покрај кратењето на 20 отсто трошоци лани, потребни се понатамошни мерки.
Според плановите компанијата треба радикално да се трансформира. Најболно е тоа што ќе бидат затворени сите погони во Германија освен централата во Волфсбург а Audi би ги задржал активни само погоните во Некарсулм. Ќе се менува и структурата на групата. Основниот бренд VW и одделенијата за интерни добавувачи на компоненти би можеле да се издвојат во независни компании. Во такво сценарио претходно договореното намалување на бројот на работни места за 50 илјади е недоволно а ќе се намалуваат и инвестициите за околу 20 отсто. Сепак останува нејасно дали ова воопшто може да се спроведе со оглед на силниот отпор на работниците и покраината Долна Саксонија која е голем и влијателен акционер.



