Студентите на Škoda го подготвија својот деветти проект
Екипа од 29 млади на овој автомобил работеа цели девет месеци
Ослободувајќи ја својата креативност, студентите на Škoda по деветти пат подготвија концепт со кој ги покажуваат својот талент и вештини. Механички донатор годинава беше електричниот Enyaq чија погонска група во целост е задржана. Студентите се определија да го претворат во патувачка канцеларија во која може и да се преспие.

Наречен Roadiaq, од неговата каросерија е исечен покривот и на метална рамка е монтирана пластична надградба. Заради височината од 2.050 mm добиена е многу поголема петта врата, додека левата задна врата е блокирана бидејќи таму е сместен креветот. На покривот се наоѓаат соларни плочи, а од левата надворешна страна се наоѓа приклучок за електрични уреди. Задниот дел од кабината во потполност е преработен. Во возилото се сместени компјутер и голем екран, а уште еден е поставен напред. Сето тоа е комплетирано со компактна кујна и тенда.

Колку и да е како идеја интересен, овој прототип има запечатен судбина и ќе остане далеку од било какво производство. Но кој знае – можеби на некој независен каросерист ќе му се допадне идејата…


