Škoda Kushaq – само за Индија

Вести

Следниот месец премиера

Индијскиот пазар сѐ поинтересен за европските марки

објавено 19. февруари 2021

Засега се објавени само дизајнерски скици за престојната премиера на новиот кросовер со средна големина наменет за индијскиот пазар. Според прикажаното, во голема мерка изгледот на Kushaq влече инспирација од концептот Škoda Vision IN. Ова е првиот од вкупно четири модели кого годинава ќе го претстават Škoda и VW, секој по два, и се произведуваат локално во Индија. За изгледот нема многу да зборуваме. Ќе се стрпиме до 18. март кога е закажана Светската премиера. Во однос на технологијата, Škoda Kushaq и другите претстојни волуменски модели се базираат на локално развиената и произведена платформа MQB-A0-IN. Ова веќе е во согласност со новите построги барања за безбедност и емисија на штетни гасови во Индија. Со планирано ниво на локализација од 95 проценти за новите возила, додека техничкиот развој се одвива во Чешка.