Со нов изглед во нови предизвици
Најмалиот чешки СУВ ќе пристигне во салоните во ноември
Објавено на 26 февруари 2019 година
Škoda во Женева ќе пречекува бројни гости на својот штанд што ќе дојдат да го видат најмалиот чешки SUV кој под ознаката Kamiq ќе пристигне во салоните во ноември. Се разликува по карактерот од Arona и T-Roc, иако користи голем дел од заедничката механика. Со својот изглед се дистанцира од останатата гама на Škoda, барем засега. Широкиот отвор во подножјето на браникот и двојните светлосни елементи се атрактивно решение на кое не сме навикнати од оваа марка. Динамичната силуетата завршува со краткиот и подигнат заден дел со лед светла со повеќе функции. Понизок е од конкурентите заради што делува поелегантно. Со иста цел се изоставени и карактеристичните заштити над тркалата. Информациите до возачот ќе стигнуваат преку виртуелниот кокпит. Опременоста треба да ги надмине рамките на сегментот, а понудата на мотори ќе се поклопува со онаа на Scala, која исто така е женевска премиера на Škoda.