Škoda Enyaq RS Race – Брза дури и како скица

Со новата студија Enyaq RS Race, Škoda Auto како да ги фрла сите карти на електричниот погон, па дури и во мотоспортот.

Базирана на серискиот електричен автомобил Enyaq Coupe RS 340 КС, студијата Enyaq RS Race отелотворува друг пристап од Чесите кон е-моторспортот. Широката основа и погонот на сите тркала е наменета да гарантира стабилно управување, додека привлечниот, масивен заден спојлер е наменет да го обезбеди потребниот потисок. Со својот агресивен дизајн, Enyaq RS Race исто така привлекува внимание и ја нагласува својата тесна поврзаност со мотоспортот.

Со специфичната технологија и дизајнерските модификации аплицирани на студијата, Škoda сака да стекне практично искуство со високи перформанси на електричен погон кое ќе се имплементација во идните модели на куќата со батерии. Škoda Enyaq RS Race е повеќе од само дизајнерска студија која постои само на хартија. Таа треба да создаде вистински модел кој е поширок и полесен. Кога и дали Enyaq RS Race ќе се материјализира остана недоречено, но судејќи според изјавите тоа ќе се случи во блиска иднина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER