За моделската 2024 година Škoda ја отстранува кратенката iV и Eniaq доаѓа во раскошно опремената верзија Laurin & Klement
Техничките надградби на Enyaq во моделската 2024 година вклучуваат помоќни погони, пократко време на полнење на батериите и поголема автономија. Верзиите Enyaq 85 и 85x ги заменуваат изведбите 80 и 80x.
Исто како и спортските RS модели со зголемување на перформансите благодарение на новиот погон со синхрон мотор на задната оска кој овозможува максимална брзина од 180 км/ч. Варијантата Enyaq 85x со погон на сите тркала обезбедува 210 kW што е за 15 kW повеќе од неговиот претходник. Enyaq RS сега има на располагање максимална моќност од 250 kW, што претставува зголемување за 30 kW.
Во стандардната опременост вклучени се LED матрични фарови и LED задни светла со анимирани индикатори, како и хромирана решетка на радијаторот со 131 LED диоди. Внатрешноста има електрично прилагодливи, загревани и вентилирани предни седишта со функции за меморија и масажа.
На предните потпирачи за глава има извезено лого L&K. Благодарение на дополнително развиеното термичко управување, високонапонските батерии сега треба да овозможат опсег од повеќе од 560 километри за Enyaq 85 и над 570 километри за Enyaq Coupé 85. Почетната верзија Enyaq 60 останува технички непроменета.
Škoda ветува дека батеријата од 82 kWh (нето капацитет од 77 kWh) ќе се наполни од 10 до 80 проценти за 28 минути под оптимални услови, осум минути побрзо од претходно.


