Škoda Enyaq iV – Sportline

Новитети

Динамичен и спортски

Škoda му подари на електричниот кросовер Enyaq iV спортска линија

објавено 18. февруари 2021

За љубителите на електрични теренски обликувани модели, изведбата Sportline е достапна со традиционални црни апликации, спуштено спортско потпирање и три опции за погон на моторот. Сепак апострофот е ставен на дизајнерските дотерувања кои ја подобруваат функционалноста и, се разбира, атрактивноста. За оваа прилика во црна боја се решетката на ладилникот, рамката на прозорците, шините на покривот и дифузорот во задниот браник, како и брендирањето со поединечни букви и значките на задната врата. Предницата е адектватно дотерана а каросеријата е поставена на алуминиумски тркала со висок сјај од 20 или 21инчи кои го потенцираат динамичниот изглед на верзијата Sportline.

Во внатрешноста преовладува црната боја, спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава, кожен мултифункционален спортски волан со три краци и целосни LED матрични фарови исто така доаѓаат како стандард. Предвидени се три модели различни по силината на моторите и погонот. Почетниот е iV 60 со 62 kWh батерија и 180 КС, комбинација способна да помине 400 километри според WLTP стандардот, а погонот е на задните тркала. Следи iV 80 со 204 PS коњи, со поголема батерија од 82 kWh и досег од 520 километри. Enyaq iV 80x ќе го прошири опсегот на модели во понатамошниот тек на годината со два електромотори кои заедно имаат 265 КС и погон на сите тркала. Неговиот опсег по WLTP стандардот на возење треба да биде 500 километри. Сепак, максималната брзина е ограничена на 160 км на час во сите три модели.