Škoda Enyaq – само на струја

Прво па машко

Лансирањето на првата потполно електрична Škoda е првиот чекор во стратегијата за електрификација

објавено 02 септември 2020

Не е прв пат чешкиот дел на концернот Volkswagen да ги помеша трендовското и практичното, економичното и еколошкото. Базиран на модуларната платформа за електрични возила Enyaq нуди изведби со погон  на задните или на сите тркала, три големини на батериите и пет силини на моторите од 150 до 306 коњи. Овие комбинации се направени за да се добие максимален комфор во секојдневното користење, автономија до 510 километри, брзо полнење на батериите и традиционалната просторност. Згора на се, Škoda продолжува да го развива својот емотивен изглед. Овој пат тоа се случува во внатрешноста на кабината каде е понуден богат избор на решенија наместо класичните нивоа на опременост како и потполно нова структура на понудените опции. Таквата филозофија најдобро ќе се забележи на почетокот на идната година кога на пазарот ќе се понуди ексклузивната лимитирана на 1.895 примероци  верзијата ”Оснивачи” по повод 125 годишнината од постоењето на компанијата. Еволуцијата која се случува со забрзани чекори во Млада Болеслав покажува еден пуритански, но сосема модерен пристап во исполнувањето на просторот. Како главни одредби се пренесувањето на формите од надворешноста и украсните елементи како што се лајсните кои ќе се протегаат од централната конзола па се преку вратите. Дигитализацијата е забележлива во сите позиции, особено на кластерот со инструменти, манипулаторите за вентилација и задолжителниот дисплеј осетлив на допир. Во продолжение ви нудиме кратко видео каде Норберт Вебер, одговорниот за внатрешен дизајн, опрема, материјали и бои дава појаснувања за новиот пристап во обликување и опремување на интериерот. Од технички аспект Enyaq iV преставува се она што треба да преставува едно електрично возило. Има три батерии различни по капацитет и уште пет мотори различни по сила и обртен момент. Архитектурата ни открива дека моторот е сместен во задниот дел на каросеријата и основните изведби се со погон на задните тркала. Двете најсилни верзии имаат втор електричен мотор напред и задолжени се за погонување на предните тркала со што се добива пренос на вртежниот момент, во зависност од изведбата, од 425 или 460 Nm на подлогата преку погон на двете оски. Почетната верзија Enyaq 50 iV располага со 150 КС има јон-литијумска батерија со капацитет од 52 kW и со нејзе може да помине 340 километри. Посилната изведба со батерија од 58 kWh има автономија за 50 километри поголема означена е како 60 iV и има електро мотор силен 132 kW. Enyaq 80 iV испорачува 204 коњи и со можноста да помине 510 километри е изведбата со најболема самостојност. Батеријата од 77 kWh исто така се употребува во двете верзии со погон на сите тркала кои се и најсилни. Ознаките 80x iV (270 КС) и RS iV (306 КС) разбирливо имаат намален дострел на 460 километри. Како наведуваат од редовите на производителот Enyaq RS iV е забавна за возење не само поради погонот на сите тркала туки и поради мускулите кои не ги крие. Таа забрзува од стоечка позиција до 100 км/ч за 6,2 секунди, а стрелката од брзинометарот се искачува до бројката 180 што е за 20  км/ч повеќе од останатите верзии. Како надополнување на мозаикот, најсилниот Enyaq може да влече приколка тешка до 1.400 килограми. Со вакви атрибути несомнено е дека Škoda ќе најде уште повеќе поклоници на пазарите каде се има етаблирано. Фокусот е на западно европските купувачи, но и Кина. За помалите и маргиналните пазари не се размислува во почетокот па ниту како полирање на имиџот. За жал нашиот пазар спаѓа во второ споменатите па повеќе од извесно е новиот Enyaq да го видиме кога ќе се рестилизира.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER