Škoda Enyaq – Рекорд за дрифт на мраз

Струјата дрма на мраз

Додека ние чекаме вистинската зима да дојде, Škoda отиде таму каде таа владее.

Во Шведска близу поларниот круг и се врати со гинисов рекорд. Тој е постигна со електричниот Enyaq во RS издание, со кој Ричард Миден го изведе најдолгото дрифтање на мраз. Под будното око на гинисовите претставници, тој на 40 сантиметри дебелата замрзната површина на езерото Стошарнен возејќи странично помина 7 километри и 351 метар. Оваа забавна авантура се одвиваше на круг со дијаметар од 60 метри. Миден за точно 15 минути и 58 секунди извозе 39 круга, со брзина која се движеше меѓу 32 и 49 километри на час. За да успее му беа потребни 18 часа тренинг во претходните пет дена. Рекордното возило целосно беше стандардно освен пневматиците, напред со 600 а назад со 300 клинци. Од Škoda истакнуваат дека всушност се поставени два рекорда, бидејќи постои и категорија најдолго дрифтање на мраз со електрично возило.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER