Чесите докажаа дека ги разбираат желбите на европските клиенти. Со новиот кросовер сакаат да го „раздвижат“ пазарот на електрични возила. Предизвикот при конструирањето беше да се намали не само автомобилот, туку и цената.
Elroq е помал брат на Enyaq и го карактеризираат две работи. Тој е првиот модел на Škoda кој го понесе новиот дизајнерски јазик на марката наречен „Modern Solid“ и ќе има, нетипично за електричните возила, достапна цена. Од компактниот електричен кросовер се олекува подобро да се продава од неговиот поголем брат.
Не е ни чудо бидејќи Elroq импресионира со добро обмислен дизајн, простор и почетна цена од 33.900 евра во Германија. Тоа го изедначува со Karoq со мотор со согорување. Во исто време, Elroq носи иновации воведувајќи новиот дизајнерски јазик на Škoda „Modern Solid“, во кој „технолошкиот изглед“ ја заменува класичната решетка на ладилникот.
Тенките LED светла и исписот на брендот поставени на предницата го заокружуваат изгледот. Со должина од 4,49 метри и меѓуоскино растојание од 2,77 метри, Elroq нуди многу простор, особено во задниот дел, и багажник до 1.580 литри. Elroq ќе се нуди со четири различни внатрешни теми кои употребуваат рециклирани материјали и обезбедуваат совршена рамнотежа на удобност, издржливост и одржливост.
Судејќи според прикажаното може да се каже дека интериерот нуди рационална емотивност. Тука е задолжителниот екран на допир за инфозабавниот систем од 13 инчи и типичните Simply Clever детали што се мали, но значајни детали за секојдневното користење. Понудени се три големини на батерии со нето капацитет од 52 до 77 kWh нудат опсег до 580 километри.
Кога станува збор за полнењето, Elroq е брз бидејќи може да се полни со моќност до 175 kW. Почетниот модел Elroq 50 го движи мотор од 170 КС и има автономија до 375 километри. Следи Elroq 60 кој најавен за следната година има батерија од 59 kWh и електричен мотор од 204 КС и опсег од 440 километри.
На врвот поставен е Elroq 85 со 285 КС и батерија од 77 kWh. Најавена за половината на 2025 година е верзијата Elroq 85х со два електро-мотори батерија од 82 kWh и погон на сите тркала. Вреди да се напомене дека големата батерија се полни до 80 проценти за 28 минути. Elroq е наоружан со интуитивно ракување, квалитетни материјали и паметни системи за помош, како што е паркирањето што може да се контролира преку апликација, па етаблирањето нема да му биде проблематично.
Сепак тоа е модел што е смислен за да го размрда пазарот за електрични возила.