Во финишот на 111-тиот Тур де Франс се случи изненадување кога се појави маскираниот Elroq
Официјалната премиера на Škoda Elroq е закажана за оваа есен но Чесите направија финалната етапа на легендарниот Тур де Франс да биде уште по свечена. Велосипедската елита ја предводеше маскираниот Škoda Elroq кој за прв пат се појави во јавноста во маскирна облека. Чешкиот дел од групацијата Фолксваген ја поддржува легендарната велосипедска трка веќе 21 година.

Како дел од партнерството, кое е продолжено до 2028 година, Škoda, меѓу другото, обезбеди и службен возен парк. Тимот за дизајн на Skoda го обликуваше победничкиот трофеј од кристал по 14-ти пат, кој му беше доделен на целокупниот победник на турнејата Тадеј Погачар. Пехарот е висок е 60 сантиметри и тежок пет килограми, а извршниот директор на Škoda Auto, Клаус Целмер, му го врачи трофејот на словенечкиот ас. Škoda Auto е докажан пријател на велосипедизмот и моментално спонзорира 20 врвни натпреварувања.


