Škoda еволуциски ги модернизираше Scala и Kamiq (2*видеа)⁹

Благи визуелни и технички промени

Škoda Scala и Kamiq поминаа низ редовната рестилизација

Хечбекот и кросоверот поставени на MQB A0 платформата доживеа дотерување на средина на својот животен циклус кое им донесе скромни промени. Редизајнираните светла имаат опционална матрична ЛЕД технологија, а различни се и маската и задните светла. Измените во внатрешноста тешко се забележуваат, а употребата на рециклирани и обновливи природни материјали е зголемена. Monte Carlo верзиите добија подесливо ЛЕД амбиентално осветлување и неколку спортски детали како што се интегрираните наслони за глава на предните седишта.

Под хаубата се наоѓаат исклучиво TSi evo2 мотори – дизели, хибриди или верзии на метан нема. Трицилиндричниот еднолитарски агрегат кој располага со 95 коњски сили доаѓа со петстепен, а оној од 115 коњи со шестстепен мануелен или седумстепен DSG менувач. Истиот избор ќе го имаат и купувачите на 1,5 литарскиот мотор со систем за деактивација на два цилиндра кога нема да требаат сите 150 коњски сили. Ослонувањето на Scala е поробусно, а за двата модела може да се нарача спортски тип спуштено ослонување.

Со рестилизацијата Scala и Kamiq добија неколку Simply Clever решенија позајмени од другите модели, како што се џеповите за мобилни телефони на наслоните на предните седишта и отстранливата кутија на централниот гребен. Од безбедносен аспект тука се деветте воздушни перници и Crew Protect системот кој автоматски ги затвора сите прозорци и ги затегнува појасите на предните седишта ако детектира неизбежен судир. Ажурирани се и пакетите опрема и достапните опции.

Од 2019-тата досега Škoda има продадено 229.400 примероци од Scala и 351.200 од Kamiq. Главни пазари се Германија, Чешка и Велика Британија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER