SEAT Arona и Ibiza – дотерани и збогатени

насловна Новитети

Темпераментна и атрактивна

Малите каталонски адути подготвени за следните предизвици

објавено 16. април 2021

Двете мали возила од Марторел доживеаа рестајлинг. Ibiza и Arona се возила кои ги имаат истите гени и малку се разликуваат во височината и багажниот простор. За Ibiza не треба многу да се зборува, милионскиот тираж сам кажува дека е еден од најпопуларните модели во оваа категорија. Arona пак на пазарот е само четири години, период во кого забележа пласиман повеќе од 350.000 возила. Со желба тој скор да се зголеми направен е забележлив редизајн на надворешниот изглед и збогатување на интериерот. Водејќи се по веќе прифатеното правило главните интервенции се направени на маската на ладилникот, светлосните групи, кои се га имаат стандардно LED технологија и нови бои. Естетиката на страничниот профил се подобрени со три нови дизајни на алуминиумски тркала од 17 и 18 инчи.

Впечатливо е новото лого кое се вклопува во прецизните линии на дизајнот. Кога се зборува за внатрешноста неминовно е да се наведе дигитализацијата која се однесува на новиот пловечки дисплеј на централниот инфо-забавен систем. Екранот порасна во просек за повеќе од 20% во споредба со неговиот претходник. Покрај тоа, неговата повисока позиција во кабината, во видното поле на возачот, што употребата ја прави побезбедна и попрактична. Додаден и дигитален кокпит 10,25 инчи, кој се вклопува во техичката ориентираност на марката. Големо внимание е посветено на завршната обработка и квалитетот на материјалите, а новите тапацири му даваат на внатрешниот простор поголемо ниво на вредност. Не се заборавени ниту амбиенталното осветлување наменето на најопремените верзии. Механичките делови не се сменети и остануваат во понудата моторите со моќност помеѓу 90 и 150 КС. SEAT Arona ja очекуваме во втората половина на годинава.