Се подготвува наследникот на Koenigsegg Agera RS
Објавено на 25 јуни 2018 година
Шведскиот производител на хиперавтомобили Koenigsegg објави скица со која го најавува наследникот на модел Agera RS. На неа се гледаат контурите на задниот дел за кој основачот на компанијата Кристијан вон Кенигсег уште од порано најави дека ќе биде поекстремен и поспособен од Agera RS. Исто така потврди и дека нема да има хибриден систем туку за погон ќе биде задолжен V8 мотор со компресор. Премиерата на новиот шведски хиперавтомобил ќе се одржи во март идната година на салонот во Женева. Koenigsegg Agera RS e претставена 2015 година и произведена во серија од само 25 примероци. Располага со 1160 KS, а минатата година во Невада постигна најголема брзина од 447 km/h.