Се ближи крајот на Bugatti Chiron (со видео)

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Останаа само уште 40

објавено на 28 октомври 2021

Пет години – толку време требаше ултимативниот Chiron да стигне до крајот на својот животен век. Bugatti реши да направи само 500 примероци , од кои досега се испорачани 460. Значи останаа само уште 40, кои ќе бидат од Pur Sport и Super Sport изведбите. Дека вака ќе биде се покажаа уште на почетокот на пласманот на Chiron – првите 300 беа нарачани за првите 18 месеци од премиерата на моделот. И покрај астрономската цена на Chiron никогаш не му било тешко да го пронајде патот до купувачите. Интересот за него сé уште е добар, посебно во Америка, која стана најголем пазар за Bugatti. Но во Bugatti не отстапуваат од својата одлуката – се склопуваат последните примероци, а после што ќе биде, не се знае. Можеби Мате Римац знае, ама не сака да каже, барем сé уште не. Ќе мора да оставите времето да покаже, а засега сите карти се отворени.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER