Scout Motors – лансирање на 24 октомври

Династијата на VW со нова марка

Volkswagen извести дека новата марка електрични возила Scout наменети за американскиот пазар ќе биде лансирана на 24 октомври. Случајно или не датумот се поклопува со престанокот на производството на истоимениот теренец пред 44 години на компанијата International чии права за користење на името Германците ги стекнаа во 2020-тата со купувањето на производителот на камиони Navistar. Во план се два модела, SUV и пикап кои  идниот месец ќе ги видиме во концептна форма. Сериското производство е планирано за 2026 година во нова фабрика во Јужна Каролина. Во неа ќе бидат инвестирани 2 милијарди долари, а ќе  има капацитет за 200.000 возила годишно. Технички детали за новите  електрични модели засега нема, но веројатно е дека нешто ќе биде презедено од Rivian со кој Volkswagen влезе во партнерство.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER