Triumph мотоцикли :: Само за оние со софистициран вкус

Само за оние со софистициран вкус

Британската мото-марка подготви серија унапредувања на својата гама
Објавено на 2 јануари 2018 година

Ги има малку на број, но сите го почитуваат вкусот на љубителите на славните мотоцикли. А неговата софистицираност ќе го предизвикаат и неколку новитети кои од мото-марката ги подготвија за новата 2018-та. Вистинска мотоциклистичка посластица меѓу нив е Tiger 800, кај кого промените не се толку забележливи на прв поглед. Повеќе од двесте на број, најзначајни се оние кај трицилиндричниот мотор. Тој со своите 95 коњски сили сега дава пореален одговор, а новиот и полесен издувен систем поквалитетен звук. Првиот степен на пренос е скратен со што е подобрена подвижноста при мали брзини. Дополнета е и електрониката со нови технички решенија. Верните купувачи ќе ги ценат ЛЕД светлата, новата позиција на рачките и можноста за висинско подесување на инструмент таблата. Како и досега, XC линијата е повеќе прилагодена за возење по асфалт, Triumph Tiger 1200а XR за излети надвор од него. За оваа моделска година освежен е и поголемиот Tiger 1200, кој има потечни линии и нова графика. Тежината му е намалена за 10 килограми, а моќноста на моторот зголемена на 141 коњска сила. Практичноста ја зголемуваат шесте режима на возење, а безбедноста сопирачкиот систем со интегриран ABS и контрола на тракцијата. Своја улога во тоа имаат и прилагодливото полуактивно ослонување и адаптивните светла. Најпребирливите ќе го добијат со загревани рачки и седишта, стартување без клуч и друго.

Следејќи го успехот на Bonneville Bobber, британската компанија реши со Black верзијата да го однесе на нови пазарни височини. Опишувајќи го новиот мотоцикл како темен, злобен и моќен, малку невообичаено од Triumph за него издвојуваат дека ги има најефикасните сопирачки во целата Bonneville серија. Меѓу механичките измени се и намалувањето на предното тркало од 19 на 16 инчи, масивната Showa вилушка и ЛЕД светлото кое опција кај регуларниот Bobber. Стандарден е и темпоматот, како и специјално развиените Avon Cobra пневматици.

Triumph Bonneville Bobber Black

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER