Rolls-Royce Cullinan, први фотографии
Објавено на 10 мај 2018 година
За помалку од два часа Rolls-Royce ќе го претстави својот прв кросовер Cullinan. Но светската јавност не можеше да чека – нетрпеливоста да се дознае нешто повеќе за него од она што како најава го сервираа Британците резултираше со протекувањето на првите фотографии. Тие кажуваат доволно за неговиот дизајн, но деталите сепак изостануваат и за нив ќе мора да се стрпиме уште малку.