После шест години поминати на пазарот, најскапоцениот камен во автомобилската круна Rolls-Royce Cullinan помина низ третман за освежување.
Суптилен во стил на марката и со фокус на деталите покажува колку Британците во меѓувреме имаат научено за барањата и навиките на типичните купувачи на луксузниот кросовер, кои на изненадување имаат во просек само 43 години.
Дури 90 отсто од нив сами го вози автомобилот и тоа често низ град заради што сé е направено тие поубаво да се чувствува во него. Инструмент таблата е дигитална и изведена од онаа развиена за електричниот Spectre, а под часовникот е сместена мала фигура на симболот на марката Духот на екстазата.
Бројни елементи се облагородени со скапоцено дрво, јагленородни влакна и кожа, а за шиење на целиот ентериер се потрошени 20 километри конец. Пред совозачот се наоѓа графичко позадинско осветлување кое се состои од седум илјади ЛЕД диоди, а за патниците назад на наслоните на предните седишта се поставени два таблета со Wi-Fi и Bluetooth поврзување.
Најголемите измени се на изгледот на предниот дел кој сега го красат дневни светла со облик на мустаќи. Редизајнирани се и браникот и маската која е осветлена. Во механиката не е чепкано – V12 моторот во кој нема ниту трага од некаква електрификација развива 570 односно 600 коњи во Black Badge верзијата.
Сето ова треба да го задржи Cullinan на позицијата бестселер на марката која лани ја потврди со скоро 60 отсто од целокупната продажба.


