РКЕ – Повторно нагоре

Има ли крај на поскапувањата?

Просекот на зголемување од 1,5% значи плус денар за бензините и половина за дизелот!

објавено 21. јуни 2021

Секој понеделник од РКЕ ни доаѓа вест за поскапување. Процентуално симболично, но епилогот е фрустрирачки. Според најновото определување на цените на моторните горива бензините ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваатза 1,00денар/литар, во однос на минатата седмица па сега малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС95 изнесува 69,50ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС98 изнесува 71,50ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), изнесува 62,00 ден/лит. Од поскапувањето не куртули ниту дизелот чија цена  се зголемува за 0,50 денар/литар со што малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 62,00ден/лит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER