РКЕ – очекувано поскапување

Вести Македонија

Од полноќ поскапо горивото

Бранот поскапувања ги прави возачите нервозни

објавено 28. јуни 2021

Цената на моторните горива повторно се зголемува и го прави летово да биде уште пожешко. На тоа допринесува последната одлука на РКЕ за повторно покачување на малопродажните цени на горивата за 1,91%. Изгледа симболично, но во апсолутни бројки е малку поинаква ситуацијата. Бензините се зголемуваат за 1,50 денари по литар, па од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продаваат 71,00ден/лит односно 73,00ден/лит. Зголемување од еден денар за литар бележи ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чија цена ќе биде 63,00ден/лит.