Rivian започна со производство

Вести насловна

Стартуваше нова ера

Америка го доби првиот модерен електричен пикап

Објавено на 15 септември 2021 година

Не е Tesla, ниту Hummer, уште помалку Ford – после повеќемесечни подготовки и неколку одложувања, Rivian започна со производство. Значењето на овој настан е поголемо отколку симболиката бидејќи американските купувачи го добија првиот модерен електричен пикап. Роберт Скеринџ, првиот човек на компанијата која конечно ги совлада сите пречки да се најде на светската мапа на производители на возила рече: „Напорите на целиот наш тим го направија овој момент можен – првиот купувач си го презеде своето возило“. Него од монтажната лента на поранешната фабрика на Mitsubishi во местото Нормал во Илиноис го симна токму тој, опкружен со работниците кои го поздравија со аплауз.

Оваа прва верзија на пикапот Rivian R1T има автономија од 505 километри, а подоцна на пазарот ќе се појават изведби и со помали и со поголеми батерии, производство на Samsung, кои на брз еднонасочен полнач за 20 минути ќе се дополнат со струја за поминување 225 km. Забрзува со 96 km/h за само 3 секунди, може да влече приколка до 5 тони и да помине низ вода длабока 90 сантиметри. Почетна цена му изнесува 73.000 долари.