Lincoln Aviator :: Ревитализација до небеса

Ревитализација до небеса

Lincoln продолжува со ревитализацијата на својата гама која стигна до небеса
Објавено на 2 април 2018 година

Својата коњица на патот кон една поинаква и попрофитабилна иднина Lincoln ја засили со сосема новиот модел Aviator со кој ќе настапува во класа во која практично никогаш не бил присутен. Тој засега е во предсериска фаза, а дефинитивниот производствен модел ќе биде претставен идната година. Иако е голем колку Ford Explorer со него сепак нема ништо заедничко. Направен е на нова платформа со погон на задните тркала, што е реткост во денешно време. Овој луксузен кросовер веднаш го привлекува вниманието со својот изглед и од Lincoln се надеваат дека ќе биде интересен на нова целна група купувачи. Во внатрешноста во која има три реда Lincoln Aviatorседишта владее луксузот на американски начин, а опременоста треба да биде над денес вообичаеното ниво. Технички детали нема многу. Се спомнува само plug-in хибриден погонски систем, без наведување никакви параметри. Поголемо внимание во Lincoln имаат посветено на набројувањето на конективните можности кои Aviator ќе ги има, што сепак е во согласност со она што купувачите ги интересира.

Lincoln Aviator

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER