Renault – Megane E-Tech

Поглед во иднината

Камуфлирана струја

Renault ја проширува понудата на електрични модели – Megane E-Tech

објавено 10. јуни 2021

Минатиот октомври Renault ja прикажа можниот изглед на новата генерација на Megane „завиткана“ во амбалажата именувана Megane e-Vision. Сега работите малку се разјаснија. На сцена стапи Megane E-Tech Electric чии први прототипи веќе се во фаза на тестирање во отворен сообраќај.

Токму овие примероци се потполно електрични со што се најавува електричниот Megane кој треба да се појави на пазарот во текот на идната година. Се базира на платформата CMF-EV на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, ќе има погон од 160 kW (217 КС) и капацитет на батеријата од 60 kWh. Автономијата според нормата WLTP достига 450 километри.

Флотата од 30 пред сериски возила летово ќе го поминат на тест возења на јавните патишта под будното око на инженерите на Renault. Прототипите произведени во фабриката во Дуаи се камуфлирани во дезен на новото лого марката.