Во продажба напролет
објавено на 5 ноември 2021
Renault имаше силен настап и со претходната генерација на Kangoo, која беше продадена во 70.000 електрични примероци. Сега со оваа бројките ќе се зголемат, исто како што се зголеми и автономијата која изнесува 300 километри. Достапен на пазарот од пролетта идната година, Kangoo Van E-Tech Electric ќе се опремува со електромотор од 122 KS и батерии кои ќе можат да користат се полначи до 80 kW, од кои за триесеттина минути ќе повлече струја за поминување 170 километри. Носивоста изнесува 600 килограма, а просторот за товар има зафатнина од 3,9 кубни метри. За блиска иднина е планирана и продолжена верзија со 4,9 m³ простор и носивост од 800 kg.
Како што е познато, Renault Kangoo Van E-Tech Electric ќе биде основа и за електричните Mercedes Citan и Nissan Townstar.