Една недела пред почетокот на Парискиот мотор шоу, Renault ја најавува својата нова ѕвезда
Веќе е извесно дека Renault ќе го претстави својот нов адут R4, но на ни најавува и концепт на лимузина со погон на водородни горивни ќелии. Енергијата ќе ја добива од конвенционална батерија што се полни за секојдневни патувања и од погон на водородни горивни ќелии за подолги патувања.
Футуристичкиот концепт ќе има камери наместо надворешните ретровизори, поради аеродинамиката рачките за отворање на вратите ќе се вовлекуваат, а бришачите на шофершајбната се сместени под хаубата. Активниот дифузор и рамното подвозје го намалуваат коефициентот на отпор на воздухот на само 0,25.
Електричниот мотор има моќност од 218 КС и ја црпи енергијата од батерија од 40 киловат-часови, која треба да обезбеди автономија од околу 300 километри. Енергијата потребна за подолги патувања ја превземаат горивни ќелии од 30 kW, кои се напојуваат со водород од резервоар од 2,8 килограми.
Renault ветува дека Emblème може да помине растојание од 1000 километри во време адекватно како автомобил со мотор со согорување, со две застанувања за полнење гориво.


