Renault Captur пристигна во Македонија

Бранот новитети што ги лансира Renault редовно пристигнуваат во Македонија. Аутомотив Груп има полни раце работа бидејќи новиот Captur е седмиот модел на Renault што пристигнува на нашиот пазар во оваа календарска  година.

Во сегментот на мали кросовери конкуренцијата е голема. Освежувањата што се направени значајно ќе му помогнат на Captur да го обезбеди своето место на нашиот пазар. Исто како и Clio, Captur доби целосно нов преден дел кој визуелно значително го менува имиџот на популарниот модел. Помалку видливи зафати има во задниот дел, каде се задржани светлосните групи во форма на буквата „C“, но сега со изменета графика.

Очекувано, додадено е новото, освежено лого на брендот напред и назад, како и детали за актуелниот визуелен идентитет. Купувачите ќе може да изберат помеѓу три нивоа на опременост Evolution, Techno и Esprit Alpine, како највисок пакет на опрема. Младите купувачи ќе ги привлечат 14 комбинации на двобојна каросерија. Најевтиниот Renault Captur стандардно има челични тркала од 17 инчи, кои опционално може да бидат алуминиумски, додека оние од 19 инчи се резервирани за пакетот Esprit Alpine.

Иако промените во внатрешноста не се толку големи, освежениот Renault Captur сега доби инфозабавен систем со екран од 10,4 инчи, додека најголемата дигитална инструмент табла има дијагонала од 10,25 инчи. Погонската гама започнува со 1.0 бензински трицилиндричен мотор со 90 КС, кој користи шестстепен мануелен менувач. Поголемата опција е 1.3 литрен четири цилиндерски мотор од 140 КС засилен со благ хибрид од 48V. Истиот мотор има верзија со 160 КС но впарен е со седумстепен ЕDC. Новост е додавањето во понудата E-Tech full hybrid погон како оној во моделот Clio, кој е комбинација од 1,6 литрен бензинец и два електромотори напојувани од батерија од 1.2 kWh.

Оваа комбинација испорачува вкупно 145 КС. За него производителот наведува дека 80% од градското возење ќе биде електрично.  Иако дизелите се целосно отстранети од понудата, економична опција е трицилиндричниот 1.3 турбо со 100 КС и плинска инсталација, кој со полн резервоари бензин и плин има автономија на возење од преку 1.000 километри. Цените започнуваат од 20.750 па се до 33.830 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER