Renault подготви вистинско изненадување за салонот на автомобилите во Париз
Продолжувајќи да ја истражува сопствената историја Renault подготви изненадување кое никој не го очекуваше – концепт наречен 8 Gordini кој е модерна интерпретација на легендарниот модел што своевремено на малата семејна и пристапна лимузина ѝ даваше сериозен спортски карактер.
Ретко кој го памети бидејќи е во пензија веќе половина век но сигурни сме дека на сите ќе им се допадне. Исто како и оригиналот има мотор сместен назад, кој сега е електричен со 270 коњи. Каросеријата со чисти облици и препознатливи линии обоена во традиционалната сина боја со бели надолжни ленти сега е се две врати и изведена во благ купеовски облик.
Французите го опишуваат како автомобил инспириран со кафе-рејсер културата, со отсуство на сé што не е неопходно. Должината изнесува 4,12, а височината само 1,27 метри. За нагласување на спортскиот став предните тркала се од 19 а задните од 20 инчи. Инструмент таблата се протега низ целата широчина на внатрешноста на чии површини доминира брусениот алуминиум. Посебно внимание привлекуваат тркалезните екрани обликувани така да потсетуваат на класичните аналогни инструменти.
Овој концепт настана како резултат на доста широко дизајнерско истражување во кое беа подготвени дури 300 предлози. Иако доста привлекува уште на прв поглед, за евентуално производство засега не се зборува.






