Renault ја проширува својата понуда на БЕВ и гордо го истакнува сертификатот дека е француски производ!
На друштвото сочинето од три БЕВ, Megane, Scenic и новиот Renault 5 E-Tech, се придружува името што остави длабока трага во автомобилскиот свет. Автомобилот што првично беше конструиран да им одговори на потребите на француските селани и мали фармери доживеа реинкарнација во модернота ера.
Во времето дури беше произведуван во период од 31 година, на четири континенти, популарноста на скромниот Renault 4 допринесе да се оствари продажба од 8.135.424 примероци на пет континенти во над сто земји.
Во историските книги е запишан како четвртото најпродавано возило на сите времиња. Со својата агенда за електрификација Renault ја поставува „четворката“ E-Tech electric на ново искушение. Со неа сака да придонесе за масовно воведување на електрични возила низ цела Европа.
Додека Renault 5 E-Tech electric е наменет повеќе за урбани клиенти, Renault 4 E-Tech electric е наменет за поширока публика, вклучително и млади семејства. Со својата вкупна должина од 4,14 метри поставува нови стандарди во класата во внатрешниот простор со модуларниот дизајн и капацитетот на багажникот.
Има 420 кубни литри простор, низок праг за товарење, функционални прегради за складирање, преклопна задна клупа, па дури и рамно преклопливо совозачко седиште. Исто така, подготвен е да се справи со калливи или нерамни патишта со зголеменото растојание од подлогата и напредниот систем за контрола на тракцијата Extended Grip.
Во исто време, го олеснува секојдневното возење со функцијата One Pedal, максимизирајќи го регенеративното сопирање до целосно запирање на возилото. Renault 4 E-Tech electric платформата AmpR Small ја дели со Renault 5 E-tech electric.
Акцентот е ставен на агилно возење, што го овозможува нискиот центар на гравитација и задното потпирање со мултилинк суспензија. Воедо, нивоата на удобност се малку зголемени за да ги одразат сите барања за разновидност, овозможувајќи му да влече приколка со тежина до 750 кг. Оваа платформа е исто така дизајнирана да поддржува помагала за возење од повисоки пазарни сегменти, како што е Active Driver Assist за автономно возење од ниво 2.
Важно за „милениумците“ ќе биде аплицирањето на најнапредните услуги за поврзување, првенствено преку OpenR Link со вградениот мултимедијален систем на Google, како и со официјалниот аватар Reno, нов секојдневен придружник кој работи со ChatGPT AI четботот. Renault 4 E-Tech се ниди со два пакета на батерии и силини на електро-моторот.
Првата има батерија од 40 киловат-часа впарена со мотор од 120 КС додека во втората 150-те коњи се напојуваат од батерија со капацитет од 52 kW/h. За двете верзии максималната брзина е ограничена на 150 км/ч, додека моќноста на полнење останува иста.
Renault 4 E-Tech electric се испорачува со AC полнач од 11 kW за секојдневна употреба и DC полнач од 80 или 100 kW за подолги патувања. Во двата случаи Renault 4 E-Tech може да стане извор на енергија со враќање на електрична енергија назад во мрежата користејќи ги услугите на Mobilize.
Со широкиот спектар на услуги поддржано е секојдневно користење, од интелигентно полнење со Mobilize Smart Charge, пристап до над 800.000 точки за полнење во 25 европски земји со Mobilize Charge Pass.
Она што марката гордо го истакнува е фактот што дури 75% од автомобилот се произведуваат во Франција вклучувајќи ги батериите, екектро-моторот, менувачот и поголемиот дел од компонентите на каросеријата. Продажбата на Renault 4 E-Tech треба да започне во четвртиот квартал на годинава, кога ќе бидат објавени цените.





