Партнерството во Кореја станува раноправно
По јануарското објавување на партнерството за развој и производство на хибридни возила за Јужно корејскиот пазар, Geely и Renault повторно го мешаат шпилот карти. Овој пат французите ќе продадат 34% од акциите што ги поседуваат во Renault Korea Motors за 207 милиони долари. Во фабриката лоцирана во Бусан веќе две децении се произведуваа воглавно модели за европскиот пазар додека лани продаде само 57.480 автомобили што е пад од 36 отсто во однос на 2020 година. Парите францускиот производител ќе ги употреби за развој на електричниот бизнис. Аквизицијата ќе му даде на Geely упориште на јужнокорејскиот пазар, на кој доминираат локалните Hyundai и Kia, но и пристап до трите производители на батерии за електрилни возила LG Energy Solution, SK Innovation и Samsung SDI. Renault поседуваше 80 отсто од фабриката во Бусан, а остатокот е во сопственост на Samsung Card, која во декември соопшти дека има намера да го продаде својот удел.


