За прв пат во историјата луксузните теренци ќе се произведуваат во фабрика надвор од Велика Британија.
Групацијата Jaguar-Land Rover објави дека Range Rover и Range Rover Sport ќе се склопуваат во Индија. Овие модели ќе бидат ексклузивно достапни за индискиот пазар, ветувајќи пократко време на чекање за зголемената побарувачка на Range Rover во таа земјата каде лани продажбата на брендот се зголеми за 160 проценти.
Тандемот теренци претходно беа ексклузивно произведувани во фабриката Солихал во Велика Британија, а сега ќе се склопуваат Индија. Фабриката во Пуне, сместена во близина на главниот град Мумбаи, е во дел од сопственикот на JLR, Тата Моторс. Од 2011 година таму се одвива производство за десет други производи на JLR прилагодени за индискиот пазар, почнувајќи со Land Rover Freelander.
Во моментов, таа ги произведува Range Rover Evoque и Velar, Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery Sport. Оваа одлука британците ја гледаат како нова шанса за зголемување на пласманот на луксузните теренци на индијскиот пазар под етикетата „Made in India“. Range Rover од индиско производство ќе се нуди во две изведби, Autobiography со три литарски бензински мотор од 393 КС и HSE со дизел мотор од 348 КС со иста зафатнина. Двата модели имаат каросерија со долго меѓуоскино растојание.
Поскапата едиција Autobiography се продава од 280.000 евра додека цената на HSE зачнува од 255.000 евра. Локално произведуваниот Range Rover Sport во нивото Dynamic SE ги користи истите мотори, но значително е поевтин, само 155.000 евра. Првите единици од индиското производство на двата модели се прикажани во новата Range Rover House India, сместена во крајбрежниот град Алибауг. Испораките започнуваат на 24 мај за Range Rover и на 16 август за Range Rover Sport.