Новиот семеен пријател!
Третиот модел во период од само осум месеци покажува дека Dacia не само што знае како да ја одржи, туку и да ја прошири својата гама. Jogger ги надминува магичните 4,5 метри и е прв модел на Романците во компактната класа. Згора на тоа, на моноволуменската каросерија додаден е теренски зачин и место дури за седум патници. Моторизиран е со трицилиндерски турбо-бензинец со две мапирања и верзија со вграден плин. Наскоро поопширно во нашиот пишан рапорт…


