Mercedes C Coupe и Cabrio :: Пролетта доаѓа…

Пролетта доаѓа…

Објавено на 23 март 2018 година

Иако не изгледа така пролетта сепак доаѓа, а со неа и најновите купе и кабрио изведби на C-класата на Mercedes. Планирани се за прво јавно покажување на салонот во Њујорк кој започнува идната недела и се карактеризираат со измените што неодамна ги добија и лимузинската и караван верзијата на C-класата. Најзабележливи се новата предна маска, изменетиот преден браник, нешто поагресивниот заден дифузер и модификуваните светла изведени во ЛЕД технологија. Новини има и моторната техника, меѓу кои како и секогаш најинтересни се оние што ја носат ознаката на AMG. Mercedes CОвојпат тоа е C43 под чија хауба се наоѓаат 3,0 литарски битурбо V6 со 385 KS и 520 Nm и деветстепен автоматски менувач. Погонот е на сите четири тркала кои до 100 km/h ќе се свртат за 4,7 секунди. Во внатрешноста се истакнуваат дигиталната инструмент табла, големиот инфо-забавен систем и новиот мултифункционален управувач. Во опремата се среќаваат адаптивниот темпомат, системите за предупредување за возила во слепите агли, за одржување на коловозната лента, автоматско кочење…

Обновената C класа во купе и кабрио изведби ќе биде уште на располагање и 1,5 литарски бензински мотор со 184 и дволитарски дизел со 194 KS. Продажбата ќе започне налето.

Mercedes C

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER