Volvo – Произведен последниот дизел

Врската на Volvo со дизел моторите завршува по 45 години

Последниот произведен примерок на Volvo со дизел мотор е ХС90 кој вчера излезе од монтажната лента од каде беше упатен во фабричкиот музеј World of Volvo во Гетеборг. Таму ќе остане како обележје на една успешна епоха која заврши поради определбата на компанијата за потполно електрична иднина. Швеѓаните ги воведоа дизел моторите во 1979 година со моделот 244 GL D6 кој имаше шест цилиндерски мотор на Volkswagen.

Дизелот го доведе Volvo до партнерства со повеќе компании Првиот дизел развиен од сопствен капацитет беше агрегатот со пет цилиндри во 2001-вата, додека вториот и последен турбо-дизел беше четири цилиндерскиот дво литарски од семејството VEA (Volvo Engine Architecture), кој дебитираше во 2013 година. Токму тој мотор се наоѓа испод хаубата на, сега веќе, музејскиот експонат. До 2030 година, Volvo има за цел да биде бренд само на електрична енергија, што е голема промена имајќи предвид дека во периодот 2012-2016 дизелот претставуваше половина од глобалната продажба на Volvo. Од 1991 година компанијата продаде повеќе од 9 милиони возила со дизел мотори.

Оваа бројка е уште поголема бидејќи не се дадени податоци во периодот од 1979 до 1991 година. Volvo е еден меѓу првите традиционални производители на автомобили што ја декларираше својата иднина само на електрична енергија. Моментално швеѓаните нудат четири БЕВ, ЕХ30, EX40, EC40 и ЕХ90, а во најава е комерцијализацијата на ЕМ90, а нивниот број во следните три години треба да се дуплира.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER