Volkswagen Golf GTi TCR

Пристигнува најмоќниот Golf GTi

Volkswagen потврди – најмоќниот Golf GTi со 290 KS ќе пристигне при крајот на годината
Објавено на 22 август 2018 година

Тркачките гени покажани на неодамнешниот фестивал во Вертерзее ќе излезат на улица – при крајот на годинава Volkswagen ќе го лансира најмоќниот Golf GTi TCR. Но, иако го потврди, од управата на марката за овој хардкор Golf не дадоа ниту спецификации, ниту цена – се знае само дека ќе има унапреден дволитарски мотор со 290 коњски сили. Со нив ќе стане најмоќниот Golf GTi во историјата на Volkswagen. Доаѓа како реакција на проблемите што ги предизвика новиот WLTP правилник за потрошувачката, кој од понудата го исфрли стандардниот Golf GTi – сега на пазарот е само неговата Performance изведба. Судејќи според концептот од Вертерзее, моделот што ќе му прави друштво ќе има максимален вртежен момент од 370 Nm, 7-степен DSG менувач и класичен механички самоблокирачки диференцијал. Сето тоа резултира со забрзување до стотка за 6 секунди и максимална брзина поголема од 250 километри на час. Се очекува и новиот Golf GTi TCR да има спортски издувен систем од Akrapovič.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER