Чекањето е скоро завршено
Одбројувањето до премиерата на Cupra Terramar е при крај – премиерата е закажана за идната недела. Моделот со кој шпанската марка ги враќа сеќавањата на истоимениот автодром во близината на Барселона ќе биде хибриден SUV, јунак на новото доба создаден да го следи идниот дизајнерски јазик на марката и совршено да ги спојува емоциите и перформансите. Детали за него многу нема – се знае дека ќе се произведува во Унгарија, дека технолошки ќе биде многу близок со идната генерација на Audi Q3 и дека веројатно ќе биде последен модел на марката со мотори со внатрешно согорување.



