Со претставувањето на електричната лимузина Швеѓаните се враќаат на корените
Volvo стана препознатлив по кросоверите, но лансирањето ES90 покажува дека минатото не фрлено во заборав.
Аплицирана е електрична технологија која кај традиционалната лимузина функционира беспрекорно, а изгледот е стилски и отмен. Повеќе од јасно е дека ЕЅ90 е смислен да им конкурира на BMW i5 и Mercedes EQE, но судејќи според фотографиите, тој изгледа подобро од нив.
Иако е претставена како седан, ЕЅ90 е лифтбек што е попрактична верзија. Поставен на 3,1 метар меѓуоскино растојание, должината е растегната на пет метри што овозможува многу простор во внатрешноста, особено на задната клупа. Volvo веќе стана препознатлив по своите електрични платформи врз кои лесно се надградуваат каросерии.
За разлика од теренецот EX90 со кого ја дели платформата ЅРА2, ES90 има 800 волтна технологија и може да се полни на 350 kW при што за само 10 минути може да повлече струја доволна за 300 км возење. Полнењето од 10-80% е сведено на само 20 минути. На располагање се два пакета на батерии.
Изведбите со единечен мотор имаат батерија од 88 kWh што гарантира автономија до 650 километри, додека со пакетот од 102 kWh може да дофрли 700 км. Понудата започнува верзијата со еден мотор со 333 КС кој обезбедува спринтот од мирување до стотка да го апсолвира за 6,9 секунди, а на верзијата со два мотори со 449 КС потребни се само 5,5 секунди. Знаменосец е Twin Motor Performance чии 680 КС спринтаат за четири секунди.
Сите три се ограничени на максимални 180 км/ч. Кабина е во знакот на високата технологија. Она што се забележува е девет инчен монитор за испис на инструментите и голем 14,5 инчен вертикален екран на допир со вградена технологија на Google.
Интериерот има светол декор и материјали за максимизирање на чувството за простор. Она што патниците не го гледаат е фактот дека ЕЅ90 е првиот Volvo што е опремен со двојна поставка Nvidia Drive AGX Orin, давајќи му го највисокиот јадро на компјутерскиот капацитет.
Оваа конфигурација ќе биде воведена и во EX90, при што постоечките клиенти добиваат бесплатна надградба. Системот поддржува активни безбедносни карактеристики и сензори базирани на вештачка интелигенција, придонесувајќи за „Безбедната вселенска технологија“ на Volvo.
Во однос на хардверот на сензорот, ES90 ќе биде опремен со еден LiDar, пет радари, осум камери, дванаесет ултразвучни сензори и „напреден систем за разбирање на возачот во автомобилот“.

Софтверските ажурирања ќе му овозможат на ES90 континуирано да се развива и подобрува со текот на времето во областите на безбедноста, поврзувањето и перформансите. Цените започнуваат од 71.000 евра во ЕУ.