Предизвик за конкурентите
Луксузната филијата на Honda го искористи Детроит да го прикаже на јавноста новиот кросовер Acura RDX
Објавено на 16 јануари 2018 година
Иако засега само како прототип, Acura RDX е многу блиску до идниот сериски модел со кој ќе биде најавен новиот дизајнерски речник на марката. Изгледот му е инспириран од концептот Precision од пред две години и се карактеризира со впечатлива маска и вешто вкомпонирани ЛЕД светла. Во внатрешноста се истакнуваат големиот екран на инфо-забавниот систем и како велат од Honda, најдобрите седишта што некогаш ги направиле. Дел од опремата се и аудио системот со 710 вати, камерите со поглед од 360 степени и бројните безбедносни системи. Поставен на потполно нова платформа, Acura RDX ќе биде задвижуван од дволитарскиот турбо мотор од Accord. Неговата силина засега не е објавена, а ќе биде спарен со 10-степен автоматски менувач. Подоцна ќе му се придружи и хибрид, а се зборува и за Type-S перформансна верзија со потполно нов V6 турбо мотор.