После 8 следи 9
Идниот Audi Q9 ќе биде конкурент на Range Rover
Објавено на 1 јули 2018 година
Audi Q8 кратко ќе биде на престолот на гамата од Инголштат – тој веќе е ветен на поголемиот Q9. Од челниците на компанијата индиректно е потврдено дека веќе е започнато со работа на него, но Audi Q9 нема да се појави така брзо – мора детално да биде осмислен бидејќи со него Audi се искачува скалило погоре и место своите традиционални германски премиум ривали ќе го напаѓа Range Rover. Него порано го спомена и сега веќе (привремено) бившиот директор на Audi Руперт Штадлер, кој со зборовите „времето ќе покаже“ без да сака потврди дека овој модел се наоѓа во плановите на компанијата. Од друга страна, пак, запрашан за Q9 шефот на дизајнерското одделение Марк Лихте рече дека имаат полно идеи. Основна поткрепа за појавување на еден ваков модел е што со појавувањето на Bentley Bentayga во групацијата се јави јаз меѓу постоечките SUV возила.
Своето Q-семејство Audi започна да го пополнува во 2005 година со моделот Q7. Следеа Q5, Q3 па Q2, за сега Q8 да седне на тронот, кој ќе мора да му го препушти на Q9. Заради својот електричен погон Q6 ќе се вика e-Tron, додека појавувањето на Q4 како Q4 е неизвесно бидејќи оваа ознака се поврзува со погонот на сите тркала на Alfa Romeo и Maserati така што овој модел би можел да се појави и името TTQ. Q1 засега е надвор од игра.