Porsche Vision 357 Speedster
(фото галерија)

Возачка сатисфакција на електричен начин

Со Speedster изведбата на Vision 357, Porsche во голем стил одбележува два јубилеја

Чарлс Хенри, војводата од Ричмонд, Ленокс, Обињи и Гордон кој воедно е и претседател на британскиот автомобилски тркачки клуб и покровител на здружението на ТТ возачи, сакајќи да му го врати поранешниот сјај на имотот Гудвуд во Западен Сасекс чиј е сопственик е тој, пред 40 години го основа фестивалот на брзината. Јубилејот беше доволна провокација Porsche кој пак одбележува 75 години од својот прв автомобил да подготви нова изведба на славеничкиот Vision 357 концепт, овојпат како Speedster.

Тој претставува повеќе од омаж на славниот 356 кој се има врежано во колективната меморија како купе и кабриолет, нудејќи уживање и динамика на возењето во комбинација со изразито пуристички облик. Сега со свежи дизајнерски гени, концептот има помало ветробранско стакло типично за спидстер автомобилите кое дава уште поголем акцент на монолитната каросерија Десната страна од кокпитот е покриена со прекривка некогаш типична за спортските автомобили со отворен покрив. Наслонот за глава на возачкото седиште делува како да лебди во воздух заради технички дизајниран карбонски елемент зад него кој служи како заштита од превртување.

Двобојната историски инспирирана ливреја е дополнета со потемни металик и посветли синкасти нијанси а славеничкото 75 лого со исфрлање на црвената боја доби свежа декоративна функција. На средина по целиот заден дел се протегаат низа линии кои ја разбиваат монолитноста, додека исто како и претходникот камерите кои ги заменуваат ретровизорите се поставени малку понапред на крилата.

Технолошки Vision 357 Speedster е втемелен на 718 GT4 e-Performance – електромоторите и батериската технологија доаѓаат од Mission R, а шасијата од 718 GT4 Clubsport. Високите перформанси се подразбираат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER