Кој вели дека Tycan не е маратонец?
Вчера монтажната лента ја напушти 100.000-тиот Taycan. Јубилејниот модел е Turbo S со Нептун сина боја наменет за купувач од Велика Британија. Оваа бројка е постигната по само три години од почетокот на производството на електричниот Porsche. Оваа пригода ја искористија од Цуфенхаузен да напоменат дека французинот Жан-Хуберт Револон со неговиот Taycan 4S купен во август 2020 има поминато повеќе од 188.000 километри, успевајќи да помине дневни етапи подолги од 1.200 километри.На производителот му се познати барем уште две изведби на Tycan со поминати над 100.000 километри и забележани се дневни етапи до 1.500 километри.



