Убав, паметен и разумен
Сега Taycan има погон само на задните тркала и две големини на батерии
објавено 21. јануари 2021
Со стандардната батерија, новиот модел на почетно ниво испорачува 408 коњски сили. Во режим на „Overboost“ со Launch Control, моќноста се зголемува до 476 коњски сили. Со опционалната „Performance Battery Plus“ батерија со зголемен досег, моќноста изнесува 326 коњски сили, додека во режимот „Оverboost“, моќноста се зголемува до 380 коњски сили. Новиот Taycan Како и кај останатите варијанти, опционалната опрема вклучува „HeadUp“ дисплеј во боја и полнач за во автомобил со капацитет за полнење до 22 kW. Стандардната еднослојна батерија се карактеризира со бруто-капацитет од 79,2 kWh. Опционалната двослојна батерија „Performance Battery Plus“ има капацитет од 93,4 kWh. И двете батерии можат да се полнат од пет до 80 проценти за 22,5 минути и дека напојувањето за уште 100 километри се постигнува по само пет минути полнење. Опсегот, во согласност со WLTP, е до 450 километри. Taycan забрзува до 100 км/ч за 5,4 секунди и со двете верзии на батерија. Неговата максимална брзина во двете конфигурации е 230 км на час. Обновувањето на батериите се врши преку процесот на рекуперација на електрична енергија кој изнесува 265 kW.

Стандардната суспензија на Taycan, како и опционалната адаптивна воздушна суспензија со три комори се надополнети со електронскиот систем за контрола на суспензијата PASM (Porsche Active Suspension Management). Адаптивната воздушна суспензија е опремена и со функција Smartlift. Ова му овозможува на Taycan да се адаптира на подлогата на возење со тоа што автоматски се подигнува возилото кога патот го наложува тоа, како на пример при преминување преку регулатори на брзина на улиците. Функцијата Smartlift исто така може активно да влијае на висината на возилото при патувања на автопат и може да ја прилагоди висината на возењето на возилото за најдобар можен компромис помеѓу ефикасноста и удобноста при возење. Porsche успешно ја започна визијата за електрична иднина, испорачувајќи повеќе од 20.000 Taycan модели на клиенти ширум светот во 2020 година. Електричниот спортски автомобил веќе има добиено околу 50 меѓународни награди, пред сè на нејзините главни пазари во Германија, САД, Велика Британија и Кина. Новиот Taycan со погон на задните тркала го постави новиот Гинисов Рекорд за најдолг дрифт со електричен автомобил од точно 42,171 километри.



