Porsche Taycan – Зголемена автономија и перформанси на полонење

Рестилизираниот Porsche Taycan помина 587 километри со едно полнење, 160 километри повеќе од претходниот модел

Наредните денови Porsche ќе го претстави ажурираниот Taycan, а за да не возбуди, ги даде првите детаљи за новитетот. Интервенциите во изгледот ставени се втор план. Пред да го лансира Porsche во фокус ги стави техничките подобрувања направени за својот прв електричен модел.

На тестот направен во САД со претставници на медиумите во реални услови на возење, се испостави дека Taycan може да помине да  587 километри со едно полнење. Ова не е официјален рејтинг, но Porsche напоменува дека резултатот е знак на огромните подобрувања што ги направи со фејслифтираниот Taycan. Тестот се одвиваше на автопатиштата Interstates 405 и 5, помеѓу Лос Анџелес и Сан Диего, во Калифорнија. Возилата се управувале според дозволената брзина на движење од 120 км/ч, што е најголема дозволена брзина на рутата.

На овој тест беа подвргнати четири возила, од кои сите беа опремени со големата, Performance Battery Plus. Taycan Cross Turismo 4 максимално помина 512 км, Taycan Turbo и Taycan 4Ѕ дофрлија 40 км повеќе. Моделот со најдолг дострел е едномоторниот Taycan со тркала од 19 инчи, кој успеа да помине 587 км. Тестот се одвиваше во поволни услови, на температура од 26 степени целзиусови и на суви коловози. Стратегијата на Porsche за своите ЕВ е „брзо патување“, односно кратки запирања за полнење во комбинација со високи опсези во реалниот свет благодарение на ефикасните погони.

Тоа се потврди во рамките на ова тест возење. Возилата беа приклучени на станици за брзо полнење и тие постојано можеа да остварат од 10 до 80 проценти наполнетост за помалку 20 минути. За време на тестирањето, Taycan постојано постигнуваше над 300 kW моќ на полнење што е значителни подобрувања во перформансите, намалено време и побрзо започнување на процесот на полнење. Повеќе детали за ажурираниот Porsche Taycan ќе имаме, веднаш по официјалното лансирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER